„ПРЕКРАСНИ СТЕ СИТЕ ВЕ САКАМ“
Тој непрежалениот наш, бегаше од лоши мисли и лоши сништа. Се бранеше од тагата и им ја тргаше од челата на луѓето. Знаеше за немаштија, а кога имаше - тоа го далеше на многу парчиња.
Ноќта ја замени за утро, солзите за насмевки и секогаш како набаре да минал војни, земјотреси , приватни премрежиња, како да е во зимата на животот, успокојувачки велеше ке помине.
И помина. Отиде без поздрав и тоа е единственото предавство што ни го направи Тоше.
Со 26 години замина без да знаеше (или можеби знаеше) колку ни значи, колку ни е фамилија, колку песните ги одбираме како интересни химни на љубовта , радоста и воскликот кон сонцето.
Има ли живот, горе се отворија ли портите небесни?
И му се радуваат ангелчињата на новото друштво?
Тоше АНГЕЛУ наш. Македонија плаче, а знам сигурна сум дека тој некаде одозгора врти со главата и загрижено трепка со очињата.
Што ви кажав за тагата - ќе ни се лутеше поради немоќта да ја потрошиме, што ја мериме и премеруваме, што сме на чекор од тонење.
Тешко е кога ќе се загуби драг човек и што тој најмилиот беше доблестен да ни внесе боја во сивилото.
Имавме чест привилегиа и среќа што живеевме во неговото време, што му ги знаевме песните како
оче наш, што му ги полневме концертите, срцата свои а така и неговото.
Тоше беше рано раѓање на сонцето.
Топло ненаметливо и светло.
НАСМЕАНО СОНЦЕ


Армија от деца, тинејуџери, студенти.......Подадени раце, големи треперливи насмевки- се една од асоцијациите повразани со нашиот ангел Тоше Проески.Тој не ги бираше обожавателите, туку тие него,а заеднички именител, знак за препознавање,беше љубовта.И апсолутно најубавата работа во целата приказна е тоа што нашиот Тоше, тоа едноставно и домаќински воспитано момче, на сите еднакво им се даваше - не беа пресудни ни социалниот статус, ни религијата ни бојата.
Го бакнуваа и мали и големи и сонувачи и отсонувачи, оние што ги испратиле и они што доправа ги чекаат своите возови на вера надеж и љубов.
Здрави и болни сите тие за тоше беа друго име за љубовта.
Да си фан на една таква голема ѕвезда, да го имаш чуството дека си му центар на светот е приказна на оние што ја сакаат близината на тоше.
Каде и да го пресретнеа каде и да го бомбардираа со цвеќе и бакнежи, сеедно дали е промоција концерт или случајна ама среќна средба.
Бакнежи заеднички фотографии насмевки.
Нема ароганциа, поглед - одвисоко, напудрени фрази и недостапност.
„Многу ги сакам тие средби“, знаеше да каже Тоше.
„Мојата публика“ тоа сум јас тие ми даваат живот,сила и затоа не чудете се на мојата енергија „Затоа сум Среќен“
Така започна неговата приврзаност и специјален однос со публиката.
Тоше на 17- годишно уште голобрадо момче настапи на „Охридски Трубадури„
Пеејќи ја „Усни на усни“ на Григор Копров и Огнен Неделковски, во фоајето на „Палас“, каде што беа сместени учениците, го цекаа возбудени тинејџери.
Средбата со миленкот не е мала работа - насмевките попримаат монтеверски димензии, а афтограмите се чуваат долго.
Неколку новинари ја следеа сцената - Тоше седна со нив, им раскажуваше вицови, се смееше на нивните реакции, им се потпиша и запеа. „Дали постои надеш љубов јас да те наречам долго срце ми крадеш.....“, пееше тој со затворени очи предавајќи се целосно на моментот.
Девојчињата беа воодушевени отд песната и не ги штедеа дланките.
Бо меѓу време се нижеа и песни и настапи.
Во меѓувреме и популарноста на Тоше растеше но не и егото.
Тој верувале или не остана ист.
Едноставен и насмеан.
Не се крена нависоко, остана расположен за свои луѓе.
На промоцијата на 3 албум „Ако ме погледнеш во очи“ во „Хилтон“, Софија во 2002 година редот на обожаватели беше голем.
Особено ако кркорат цревата бидејќи не си појадуван.
Промоцијата се случуваше напладне, а неколку часа подоцна Тоше уредно се потпишуваше и потпишуваше.
Кој да се занимава со цревата?
Таква слика поврзана за него е врежана со сеќавањето на своите обожаватели.
Се менуваше квантитетот не квалитетот.
А желбите на обожавателите беа нај различни.На неколку концерти во Белорусија, како што пишуваше тамошниот печат, Тоше беше буквално опседнат со толпа огнени обожаватели.
Го влечеа за ракави сакаа да му се доближат.
По желба на Тоше обезбедувањето беше тргнато.
„Тоа се луге на кои им се допаѓа мојата песна, не ми треба обезбедување“
го цитираше печатот.
Канада, Америка, Афстралиа секаде луѓето му ја препознаваа искреноста и се поголем стануваше бројот на неговите луѓе.
Тие му беа императив во кариерата, а особено беа интересни фановите во бившите Ју-простори.
Не толку одамна „Слободна Далмациа“пишуваше дека по Тоше апсолутно лудуваат сплиќанките.
Долгоногите морски убавици беа опседнати со него а во своите најскришни мечтаења сонуваа за г-ѓа Проеска.....
„Чудата се случуваат а јас чувам бурма пот перница“, осамена лајф сторијата поврзана за Тоше, во која се исповедаше една обожавателка по онцертот во Хрватска„Ама конкуренцијата ми е голема“
продолжуваша амбициозната девојка „За време на концертот го фаќаа за раце и нозе, скокаа по него.
Кој да излезе на крај со сите тие жени.........
За време на Ново годишниот прецек во 2006 година на плоштадот во Риека, бината от која пленеше Тоше беше преполна со кадифени мечиња и зајачиња.
Желбата да му подарат играчки ја наполни собата на Тоше.
Кога собра 600 разни играчки ги подари во Домот на деца без родители.
Веројатно жителите на улицата „Елисие Поповски“ сеуште е сеќаваат на толпи деца кои постојано звонеа на домофонот со името на Тоше.
Слика потпис не е важно.
Кога стана пренапорно Тоше го одмонтира ѕвончето, а подоцна с епресели во Злокуќани.
Нашата поп икона по бројност ја надмина цифрата на обожавателките на Здравко Чолиќ.
Тоа беше констатациа на белгратскиот „Блиц“, кој во акетата што им подаруваат фановите от Тоше Проески доби ваков одговор - Девојките сешто ми фрлаат на бина.
Мечиња разни подарочиња иако најмногу ме засипуваат со градници.
Всушност дома имам цела колекциа градници во сите големини и бои.
Во секој от нив има пораки - земи ме за жена и телефонски број.
„Многу ме насмеа духовититот подарок на девојките од белгратската гимназиа - тие на сцена ми фрлиа огромен градник на кој сите се потпишале“.
На минатогодишниот концерт во Будва Тоше се сретна со обожавателка која прво се обиде да му земе парче коса,па потоа синџирчето со крстот.Кога не доби дозвола се согласи да добие што било.
Тоше не ја заборави.
По концертот ја прпозна и во целиот метеж и подари маичка.
Средбите со обожавателите му беа јаготка на шлагот.
Сепак само убавите нешта се случуваат во бајките.
Кога се обидов да дознаам која е лошата страна на популарноста, прет неколку месеци Тоше нис смеење ги раскажуваше нештата поврзани со ѕвонење на телефонот во глува доба.
„Никогаш не можам да им се налутам на луѓето што ме одбрале мене“. Кога е прегласно„го игнорирам ѕвонењето.
Сепак најдраги му беа децата.
За нив Тоше имаше километарско трпение и уште подолги насмевки.
„Децата се дар от бога“.Не можам да не им се радувам знаеше да каже.
„Кога и да се до мене знам дека ме чуваат“,изјави тој на последниот скопски концерт на стадиот.........
MyHotComments